Основите за
одржлив бизнис
Управувањето на нашата корпорација заснована на вредности лежи во основите на секој апсект од нашиот бизнис, насочувајќи ја нашата посветеност на највисок квалитет, беспрекросни бизнис пракси и одржливост.
Бордот на директори (BoD) е највисокото управно тело на Belimo и е договорно за одлуките за стратегиите за одржлива енергија на Групацијата и дефиницијата за корпоративна одржливост, ESG и политиките за усогласеност. Belimo има три комитети. Во меѓувреме, Ревизорскиот комитет на Одборот на директори е одговорен за извештаи и усогласеност кои се однесуваат на одржливост, ESG, како и за теми на усогласеност на производите и операциите.
Извршниот одбор е одговорен за одржливост и ESG, додека пак Комитетот за одржливост (SCC) управува со темите за усогласеност на производите и операциите.
Belimo се целосно посветени на одржливост и се одлучни да ја извршуваат својата дејност во согласност со високите етички стандарди и применливите закони. Belimo се стремат кон целосна законска и регулаторна усогласеност, што претставува предуслов и се основите за деловното работење. Условите за усогласеност на производите и операциите се постојано во зголемување. Последователно, мора постојано да ги надгледуваме регулаторните трендови и претстојните реугалитиви, стандарди и полиси, и да процениме дали и кога треба тие да бидат имплементирани.
Во 2022, Управата на Групацијата воспостави нов Оддел за одржливост и усогласеност на Групацијата за да ја насочува и координира сета корпоративна одржливост, како и активностите за усогласеност на производите и операциите. Тимот за усогласеност на производи и операции ги опфаќа сите услови што се предводени од регулативи и стандарди и кои се директно поврзани со конструкции и развој, купување, производство, склопување и дистрибуција на производи и услуги. Ги предводи сите глобални иницијативи во координација со соодветните оддели на Групацијата.
За дополнителни информации за темите на усогласеност на производите и операциите, консултирајте се со следниве документи:
Belimo одржува и имплементира Систем за управување со квалитетот и животната средина (QEMS), кој се применува за сите работни места и вработени на Belimo. Системот за управување се одржува преку функцијата на Интегриран систем за управување на Групацијата и се поставува преку мрежа професионалци за квалитет и животна средина низ регионалните организации. Локалните подржужници на Belimo го имплементираат Системот за управување на групацијата и го адаптираат според локалните регулаторни и законски услови.
Кај сите главни работни места, Итегрираниот систем за управување на Belimo е подложен на редовни ревизии од надворешно тело за сертификација. Внатрешните ревизии и редовните проверки на перформансите за квалитетот и за животната средина го поддржуваат постојаното подобрување на системот за управување и неговата имплементација.
Сертификатите за системот за управување се достапни за преземање: