Почетна страница
  • Веб-локации на Belimo

    Америка

    • Бразил
    • Канада
    • Кариби, Латинска Америка и Соединетите Американски Држави

    Европа, Среден Исток и Африка

    • Австрија
    • Албанија
    • Белгија
    • Белорусија
    • Босна и Херцеговина
    • Бугарија
    • Германија
    • Грузија
    • Грција
    • Данска
    • Египет
    • Естонија
    • Израел
    • Ирска
    • Италија
    • Јужна Африка
    • Казахстан
    • Латвија
    • Литванија
    • Норвешка
    • Обединето Кралство
    • Обидинети Арапски Емирати (FZE)
    • Полска
    • Романија
    • Саудиска Арабиjа
    • Северна Македонија
    • Словачка
    • Словенија
    • Србија и Црна Гора
    • Турција
    • Украина
    • Унгарија
    • Финска
    • Франција
    • Холандија
    • Хрватска
    • Чешка
    • Швајцарија
    • Шведска
    • Шпанија

    Азиско-пацифички регион

    • Австралија
    • Виетнам
    • Индија
    • Индонезија
    • Јапонија
    • Камбоџа
    • Кина
    • Кореја
    • Малезија
    • Мијанмар
    • Нов Зеланд
    • Сингапур
    • Специјални административни региони на Макао, Кина
    • Специјални административни региони на Хонгконг, Кина
    • Тајван, Кина
    • Тајланд
    • Филипини
    Mакедонски

    Deutsch

    Français

    English

    中文

    Português

    Español

    Español

    Français

    Italiano

    Nederlands

    Türkçe

    Polski

    Норвешки јазик

    Suomi

    Svenska

    English

    Magyar

    Eesti keel

    Русский

    Latviski

    Lietuvių

    български

    language.el_GR

    עִברִית

    Română

    Slovenščina

    Slovenský

    Srpski

    Mакедонски

    Hrvatski

    Shqiptare

    Srpski

  • Веб-локации на Belimo

    Америка

    • Бразил
    • Канада
    • Кариби, Латинска Америка и Соединетите Американски Држави

    Европа, Среден Исток и Африка

    • Австрија
    • Албанија
    • Белгија
    • Белорусија
    • Босна и Херцеговина
    • Бугарија
    • Германија
    • Грузија
    • Грција
    • Данска
    • Египет
    • Естонија
    • Израел
    • Ирска
    • Италија
    • Јужна Африка
    • Казахстан
    • Латвија
    • Литванија
    • Норвешка
    • Обединето Кралство
    • Обидинети Арапски Емирати (FZE)
    • Полска
    • Романија
    • Саудиска Арабиjа
    • Северна Македонија
    • Словачка
    • Словенија
    • Србија и Црна Гора
    • Турција
    • Украина
    • Унгарија
    • Финска
    • Франција
    • Холандија
    • Хрватска
    • Чешка
    • Швајцарија
    • Шведска
    • Шпанија

    Азиско-пацифички регион

    • Австралија
    • Виетнам
    • Индија
    • Индонезија
    • Јапонија
    • Камбоџа
    • Кина
    • Кореја
    • Малезија
    • Мијанмар
    • Нов Зеланд
    • Сингапур
    • Специјални административни региони на Макао, Кина
    • Специјални административни региони на Хонгконг, Кина
    • Тајван, Кина
    • Тајланд
    • Филипини
  • DE FR EN 中文 PT ES ES FR IT NL TR PL NO FI SE EN HU ET RU LV LT BG EL HE RO SL SK SR MK HR SQ BA
Почетна страница
  1. Почетна страница
  2. Системи

Belimo ZoneEase™ VAV

Belimo ZoneEase™ VAV – контрола на CO2, температурата и волуменски проток

Belimo ZoneEase™ VAV претставува лесен за користење VAV-базиран екосистем за контрола на зона. Решението ZoneEase VAV го поедноставува процесот за пуштање во употреба. Овозможува поддршка за пуштање во употреба и за одржување преку облакот и паметен телефон за да го подобри корисничкото искуство и ја намалува сложеноста на проектот и времето на неактивност, а притоа зголемувајќи ги поврзливоста, транспарентноста на податоците и економичноста. 

Однапред вчитани апликации, поедноставени решенија, процес воден преку облак/паметен телефон

Докажана сигурност

Оптимизирана функционалност

Поврзување

Лесна VAV-базирана контрола на зона

                 

  • VAV-базирано решение (5 Nm и 10 Nm) за контрола на CO2, температурата и волуменски проток
  • Решението обезбедува: само воздух од довод / снабдување и извлекување воздух / снабдување и 2. снабдување воздух
  • Насочено пуштање во употребас преку облакот или апликација на паметен телефон
  • Самостојно BMS/DDC-интегриран BACnet MS/TP или Modbus RTU-систем (може да се подеси)
  • 19 однапред вчитани апликаци за контрола што може да се подесат – без слободно програмирање
  • Моќно инжинерство засновано на облак и пуштање во употреба со следење на прогресот
  • Работење, одржување и далечинско решавање проблеми со апликацијата на паметен телефон синхронизирана со облакот
  • Директен пристап до решението VAV без отворање на покривот (пристап од паметен телефон до собната единица)
  • OEM-заштита на податоците и усогласеност со GDPR
  • Анализа на примероци за состојбата на системот преку апликација на паметен телефон

Опсег на продукти во рамките на екосистемот ZoneEase VAV

ZoneEase VAV контролер (5 Nm и 10 Nm)

LMV-BAC-001 / NMV-BAC-001: VAV-базиран зонски контролер со однапред вчитани апликации за контрола на CO2, волуменски проток и температура (без дигитални излези). Интерфејс BACnet MS/TP и Modbus RTU. Аналоген влез за каналски сензор.

ZoneEase VAV контролер (5 Nm и 10 Nm) со излези

LMV-BAC-002 / NMV-BAC-002: VAV-базиран зонски контролер со ондапред вчитани апликации за контрола на CO2, волуменски проток и температура (со 3 дигитални излеза за контрола на вентилаторот и подгревање). Интерфејс BACnet MS/TP и Modbus RTU. Аналоген влез за каналски сензор.

VAV-Compact (5 Nm и 10 Nm)

LMV-D3-MP-A7 / NMV-D3-MP-A7: второстепен VAV во рамките на екосистемот ZoneEase VAV, се користи како VAV за извлекување воздух или 2. VAV контролер за воздух од довод.
(Забелешка: VAV-Compact-контролер, однапред адресиран / конфигуриран со истиот VAV OEM-параметар како и поврзаниот ZoneEase VAV контролер / комуникација специфична за апликацијата со ZoneEase VAV контролер)

Собни работни единици со екран на допир или виртуелен екран

P-22RT..-1T00D-1:

  • ROU со екран на допир ePaper
  • Елементи на екранот што може да се подесат
  • Бојата на екранот може да се инвертира

P-22RT..-1T-1:

  • ROU со виртуелен екран
  • Виртуелен контролен екран со Belimo Display app и паметен телефон

И двете варијанти на единицата:

  • За приказ и приспособување на собните вредности/сет поинти (може да се подеси)
  • Достапно само кај елементите со T, T/RH и T/RH/CO2-сензор
  • Обезбедува дигитален влез (сензор за зафатеност или надгледување на рехитер)
  • Права на пристап што може да се подесат

Belimo Display App

За обезбедување виртуелен екран за собните работни единици кои немаат физички екран: P-22RT..-1T-1
Со Belimo Display app (Android и IOS), може да се прикажуваат реалните вредности на собните единици и може да се приспособуваат сет поинти.

  • Belimo Display App

Ротационен актуатор за контрола на модулирачко подгревање

CQ24A-MPL-A8: актуатор на вентил за подгревање топла вода (агрегат за подгревање со VAV) во рамките на екосистемот ZoneEase VAV.
(Забелешка: однапред адресиран / комуникација специфична за апликацијата со ZoneEase VAV контролер)

Каналски/потопен сензор за температура, активен

22DT-12..: каналски сензор за воздух за снабдување за подобрување на функционалноста на ZoneEase VAV.
Со користење на 0…10 V канален сензор за воздух од довод, сите апликации на ZoneEase VAV-базирано ладење/подгревање може да обезбедат автоматско преклопување затоа што тие може да го разликуваат воздухот за снабдување (ладна или топла состојба).

Каналски сензор за CO2, активен

22DC-11: Канален сензор за извлекување/враќање воздух за подобрување на функционалноста на ZoneEase VAV.
Со користење на 0…10 V канален сензор за извлекување/враќање воздух, може да се имплементираат апликацијата на ZoneEase VAV за контрола на CO2 и сите ZoneEase VAV-базирани апликации за контрола на температурата со комбинирана контрола на CO2. Покрај тоа, сензорниот елемент за CO2 може да се интегрира во собните работни единици со ZoneEase VAV.

Документи

  • Описи на решенијата



  • Листи со техничка документација

    Актуатори








    Собни работни единици со виртуелен екран: T, T/RH и T/RH/CO2-сензор


    Собни работни единици со екран на допир e-paper: T, T/RH и T/RH/CO2-сензор


    Каналски сензори



    Алатка за поддршка при калибрација и пуштање во употреба (претворач Bluetooth / NFC)


  • Интеграција на системот


  • Забелешки за изданието (за постоечките пазари на ZE VAV) и ЧПП

  • Алатки за паметни телефони

    • Belimo Display App
  • ZoneEase VAV Cloud

Однапред вчитани апликации што може да се подесат

Контрола на CO2 и волуменска контрола на проток на воздух Комфор во просторијата (може да се комбинира паралелно со контрола на CO2)
  • Контрола на квалитет на внатрешен воздух (CO2)
  • Контрола на проток на волумен на воздух (VAV)



     
  • Само ладење
  • Ладење или греење (преклопување)
  • Ладење + 1-етапно електрично подгревање
  • Ладење + 2-етапно електрично подгревање
  • Ладење + вклучување/исклучување на хидронско подгревање
  • Ладење + модулирачко хидронско подгревање
   
Апликации со паралелен вентилатор Апликации со сериски вентилатор
  • Само ладење
  • Ладење + 1-етапно електрично подгревање
  • Ладење + 2-етапно електрично подгревање
  • Ладење + вклучување/исклучување на хидронско подгревање
  • Ладење + модулирачко хидронско подгревање
     
  • Само ладење
  • Ладење или греење (преклопување)
  • Ладење + 1-етапно електрично подгревање
  • Ладење + 2-етапно електрично подгревање
  • Ладење + вклучување/исклучување на хидронско подгревање
  • Ладење + модулирачко хидронско подгревање

Пример на апликација: контрола на квалитет на внатрешен воздух

Мерење на CO2 со собната единица

Пример на апликација: контрола на температурата преку вентилатор и подгревање

Ладење плус подгревање (модулација на водата) со дигитален излез (вентилатор)

Скалабилно решение ZoneEase VAV: самостојно или BMS/DDC-интегриран BACnet MS/TP или систем Modbus RTU (може да се подеси)

Скалабилен екосистем ZoneEase VAV за обезбедување самостојно решение со однапред вчитани апликации што може да се подесат, интегрирани во системите за управување со објект. Покрај тоа, конфигурацијата во апликација за волуменски проток на воздух, надворешна логика (т.е. контролер за под, DDC, BMS) може да обезбедат контролни сет поинти за системот ZoneEase VAV. Оваа конфигурација на системот овозможува повторливи зонски инсталации на ZoneEase VAV со целосна флексибилност при поставувањето на сензорот.

(Забелешка: во ваков случај, за скалабилната инсталација на екосистемот ZoneEase VAV се потребни собни работни единици со нативна комуникација BACnet MS/TP или Modbus RTU, директно со bus)

  • Предности за клиентите
Предности за клиентите

Инженери консултанти

Планирање HVAC системи е вашата основна компетенција. Постојано барате нови и иновативни начини за заштеда на енергија и подобрување на климата на просторија. Работите со најмодерните методи и користите податоци од снабдувачи/производители за вашето планирање. Како клиент на Belimo, имате корист од бројни предности:

  • Високо чувствителниот и снажен сензорски систем за прецизно мерење на диференцијален притисок за регулирање и на најмалиот волумен на воздухот
  • Голема флексибилност во изборот на производи за интегрирање во објекти благодарение на различните интерфејси. Bus комуникацијата нуди флексибилни можности за користење и создава транспарентност во однос на контролата и трендовите
  • Со можност за DCV (Fan Optimiser) за модерни концепти на потребна контролирана вентилација во согласност со DIN EN 15232. Евидентирање на зоните преку соодветните VAV дампери ја обезбедува соодветната контролирана варијабла за вентилаторите  
  • Производите на Belimo за VAV се изградени, калибрирани и приспособени од сите познати производители (OEM) за нивните VAV единици - како оперативно системско решение

Интегрирачи на системи

Вашата задача е да дизајнирате системи за управување со објекти и оптимално да ги интегрирате уредите во поле. Вашата цел е да ја намалите комплексноста и да загарантирате транспарентност за непрекината оптимизација на технологијата за објект. Како клиент на Belimo, имате корист од бројните предности:

  • Подготвен за работа веднаш по инсталирањето на VAV единицата, изборни понатамошни компоненти за екосистемот ZoneEase VAV и електрични поврзувања
  • Голема флексибилност за интеграција во објекти благодарение на различните интерфејси. Bus комуникацијата и способноста за повеќе bus нудат флексибилни можности за користење и создаваат транспарентност во однос на контролата и надгледувањето
  • Поддржани се општите bus-интерфејси, како што се BACnet MS/TP и Modbus RTU
  • Поддршка преку алатки и преку облак за пуштање во употреба и дијагностика (зачувување/печатење податоци за поставките)
  • Апликација ZoneEase VAV за паметен телефон за бесконтактен пристап – дури и кога напојувањето е исклучено

Инсталатери/инженери на постројка

Инсталацијата на HVAC технологијата за објект е ваша дејност. За да ги извршите вашите задачи, потребни ви се правилните производи во правилно време на локацијата. Лесната монтажа и стручната поддршка ви овозможуваат да го исполните вашиот густ распоред. Како клиент на Belimo, имате придобивки од бројни поволности:

  • Висококвалитетни и цврсти компоненти – докажани милион пати
  • Едноставно поврзување со жици со низок потенцијал за грешки благодарение на конзистентниот концепт на боја и нумерација.
  • Почетна дијагностика без алатки благодарение на LED диоди: на пр. дали има напојување?
  • Едноставен функционален тест, на пример отворете или затворете го дамперот со апликацијата ZoneEase VAV за паметни телефони преку бесконтактен пристап

Сопственици на објекти

Подобрувања во комфорот и потрошувачката на енергија, како и едноставните проширувања на објекти и надградби се постојани предизвици за вас. Оптимизирањето на вашиот HVAC систем со најмал можен напор и ниски трошоци е главен фокус. Како клиент на Belimo, имате придобивки од бројните поволности:

  • Висококвалитетни, апсолутно прецизни и во исто време снажни компоненти во еден производ
  • Докажано милион пати
  • Енергетски ефикасен систем за вентилација, заснован на реалните потреби за вентилација на просториите – од дамперот VAV до вентилаторот
  • Зголемен комфор во зависност од конфигурацијата на системот (квалитет на воздухот, температура) и намален шум на проток
  • Највисоко ниво на транспарентност благодарение на разновидните функции на алатките, како што се состојби за нега на системот и други карактеристики

Менаџери на објекти/одржување на објекти

Управувањето, контролата и работата на објектите и нивната техничка опрема се дел од вашите секојдневни задачи. Барате решенија за да го загарантирате комфорот на просториите и да ја оптимизирате работата на системот. Ги цените едноставните и транспарентни системи и брзата испорака на резервни делови и поддршка во секое време кога е потребно. Како клиент на Belimo, имате корист од бројните предности:

  • Технологија на траен актуатор без одржување
  • Едноставна инсталација
  • Функции за бесконтактна дијагностика и тестирање преку паметен телефон
  • Лесна адаптација на системските решенија за конверзии
  • Кратки времиња на испорака
  • Опфатна поддршка низ целиот работен век на производот
  • 5-годишна гаранција

OEM

Во вашите производи ќе користите компоненти од избрани добавувачи. Вие секогаш ја барате најдобрата вредност за вашите пари. Висок квалитет и единствени функции, скроени само за вашата апликација, додаваат уште поголема вредност и овозможуваат да се разликувате од вашата конкуренција. Одличната техничка поддршка и едноставната деловна трансакција се очигледни за вас. Како клиент на Belimo, имате корист од бројните предности:

  • Сеопфатен опсег на продукти за економична контрола на зоните и поединечните простории – во областите на комфор, како и во индустријата, трговијата и чувствителните работни области
  • Решенијата специфични за клиентите нудат зголемена додадена вредност
  • Висококвалитетни, координирани компоненти за максимална прецизност и долг работен век
  • Оптимизирана поддршка за алат за параметрирање и калибрација во фабриката

Добре дојдовте во Belimo {{js-currentCountryName}}

{{js-currentCountryText}}
Контактирајте не Privacy Policy Изменете ги поставките за приватност
'+41 43 843 61 11
Претплатете се
BELIMO Holding AG, Brunnenbachstrasse 1, 8340 Hinwil (Швајцарија)