Не е потребно заштитно
куќиште.
Собните работни единици со виртуелен екран се идеални за простории пристапни до јавноста. Интуитивната Belimo Display App овозможува подесување на сет поинт на самото место без потреба од екран на собната единица. Пристапот може опционално да се ограничи со четирицифрен код.
Конвенционалните собрни работни единици имаат неколку големи недостатоци, особено кога има потреба да бидат заштитени од неовластен пристап. Belimo има решенија за аеродроми, други јавни згради и училници. Нашата собна работна единица со виртуелен екран нема потреба од екран. Може да ја ракувате со Belimo Display App директно преку вашиот паметен телефон. Пристапот е заштитен со четирицифрен код – нема потреба од дополнително куќиште за заштита од неовластен пристап.
Кои се придобивките во споредба со дополнително куќиште?
Без оптимална клима на просторијата, премногу ладно или премногу топло.
Собните работни единици со заштитно куќиште може да ги фалсификуваат резултатите од мерењето. Во најлошото сценарио, мерните вредности многу се разликуваат од оние во просторијата и имаат негативно влијание врз квалитетот на внатрешниот воздух. Нашите собни работни единици директно ја мерат климата на просторијата, а не оние во заштитното куќиште. Затоа, тие обезбедуваат комфорен внатрешен воздух врз основа на точно измерени врендости.
Каде е клучот за заштитното куќиште?
Повеќето заштитни куќишта имаат потреба од клуч. Тоа значи дека само овластени лица може да го пристапат. Со собната работна единица со виртуелен екран од Belimo, повеќе нема потреба од куќиште и затоа не е потребно да барате клучеви.
Оперирањето со заштитно куќиште е премногу комплицирано.
Постојаното отворање на куќиштето за приспособување на температурата може да биде заморно и да одзема време. Belimo Display App со виртуелен екран овозможува едноставна и брза контрола на температурата без да се отвора куќиштето.
Да се купи собна работна единица со едноставна естетика, па потоа да се крие со заштитно куќиште?
Заштитните куќишта најечсто се премногу големи за собната работна единица бидејќи за нив е потребно да се осигури циркулација на воздух. Меѓутоа, тоа влијае и врз изгледот и врз функционалноста. Со решението на Belimo, собната работна единица не мора да биде скриена под заштитно куќиште. Нашата единица изгледа извонредно и едноставно, а се интегрира совршено во секаков ѕид. Дали знаете дека нашите собни работни единици ја добија наградата RedDot Design Award во 2022 година?
Скапо куќиште и наоѓањето некого за негова монтажа?
Заштитно куќиште со акрилно стакло е скапо и мора да се инсталира од квалификуван персонал. Зошто да не биде без заштитно куќиште? Собните работни единици со виртуелен екран од Belimo се лесни за монтажа и немаат потреба од никакво заштитно куќиште. Едноставно читајте и приспособете ги вредностите со стандарден паметен телефон.
Собните работни единици без екран од Belimo воодушевуваат со нивниот естетски и безвременски дизајн, како и плитка длабочина помеѓу 13 и 23 mm, во зависност од типот сензор. Собните единици може беспрекорно да се интегрираат во постоечки контролери од трета страна. Се одликуваат со брза монтажа без алатки, како и голема точност на долгорочно мерење и кратки времиња на реакција.
Belimo Display App е најиновативниот начин за пристап до собните работни единици на Belimo. Со интуитивната апликација за крајниот корисник, можете да ги прикажувате вредностите на просторијата и да ги приспособувате поставените точки без собната единица да има потреба од екран. Благодарение на комуникација преку NFC (Near Field Communication (поле на комуникација во близина)), ниту една друга страна не може да пристапи до безбедните критични податоци.
Отклучете го целосниот потенцијал на вашите единици Belimo
Belimo Assistant 2 овозможува жично и безжично поставување, работа на лице место и решавање проблеми на дампер актуаторите на Belimo, контролните вентили, сензорите и уредите за мерење со паметни телефони, таблети и компјутери.
Клучни функции:
- Проверка и промена на параметрите за поставување на единицата
- Приказ на идентификациските податоци: тип на уредот, позицијата, ознаката, серискиот број, bus-адресата
- Адресирање (MP-Bus, BACnet, Modbus, TCP/IP)
- „Поставување“: поставување параметри за вашата единица со упатства
- „Копирање конфигурација“: реплицирајте ги поставките за истите типови на единици
- „Трендови во живо“: извршување локално директно запишување и трендови во живо со функцијата за лесно споделување
- „Состојба“: надгледување на KPI на работата на единицата. На пример, напојување, состојба на Bus, состојба на сензор итн.
- „Извештаи“: добивајте дигитални извештаи за вашата единица со функцијата за лесно споделување. На пример, сертификат за калибрација, извештај за пуштање во употреба
- „Извезување конфигурација“: создајте датотека за евиденција со функцијата за лесно споделување
- Приспособување на јазикот во апликацијата (EN/DE/FR/IT/ES/CN/RU)
- Независно од платформата, за Android, Apple iOS и Windows.
Додатоци:
- ZTH EU/US/AP (USB/MP претворач)
- ZIP-BT-NFC (Bluetooth/NFC конвертор)